Брук Шилдс неодамна имала епилептичен напад, еве кој познат актер ѝ притрчал на помош

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Познатата актерка Брук Шилдс откри дека неодамна имала епилептичен напад, по што итно била пренесена во болница.

Имено, Брук се подготвувала да оди на своето шоу во познатиот The Carlyle, кога едноставно колабирала, а сите детали ги открила во интервју за Glamour.

„Пиев толку многу вода, а не знаев дека имам ниско ниво на натриум. Чекав Uber. Се симнав по скалите и очигледно изгледав чудно затоа што луѓето што беа со мене ме прашаа: Добро ли си?“, се присетила Брук Шилдс, чија состојба се влошила по пристигнувањето во познатиот L’Artussy во Њујорк, а потоа продолжила:

 

„Влегувам, ми приоѓаат две жени, јас не ги препознавам, ми се стемни пред очи. Рацете ми паднаа на страните, а јас ‘одев’ со главата нанапред. Имав напад – пенав од устата, бев целосно модра. Следно на што се сеќавам е дека ме носат во со возило на брза помош. Ми ставија маска за кислород“.

На помош на актерката ѝ пришол познатиот колега Бредли Купер, кој во тој момент случајно се нашол во близина, кој ја држел за рака во возилото на брза помош.

„Беше како да прошетав со Исус“, се пошегувала актерката подоцна за необичната ситуација и големата помош на Бредли Купер. Докторите најпрво ѝ кажале дека се сомневаат дека доживеала мозочен удар.

Шилдс завршила на одделението за интензивна нега. Таа доживеала голем напад кој предизвикува губење на свеста и силни мускулни контракции.

Слични содржини