Играчот од средниот ред, Бруно Фернандеш рече дека критиките по саботниот пораз од Хрватска со 2-1 на пријателскиот натпревар значат дека очекувањата на навивачите на тимот се високи за претстојното Европско првенство.
Португалија ги доби сите 10 натпревари во квалификациската група, но проверките во пролетта 2024 година се далеку од очекувани. Прво „морнарите“ загубија од Словенија, а сега дојде поразот од Хрватска.
„Не сакам никој да мисли дека дојдовме до точка каде што веруваме дека се е во ред и дека сме совршени. Како играч на највисоко ниво ви велам дека секогаш има аспекти за подобрување. Да бидам искрен, некако ми се допаѓа оваа негативност околу репрезентацијата, „не е веќе толку добар тимот“, „сепак не е како што сакаме“. Добро е да се прочита до одреден степен“, додаде играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед.
„И ќе ви кажам зошто ми се допаѓа: затоа што покажува дека луѓето очекуваат многу од нас и сакаат повеќе од репрезентацијата. Тоа значи дека ние, луѓето кои ја претставуваме земјата, имаме квалитет да направиме повеќе. Го знаеме ова, имаме амбиција и сакаме да направиме добри, многу добри резултати“, додаде техничкиот играч за врска.
Португалија денеска ќе игра со Република Ирска во последниот контролен натпревар пред заминувањето за Германија. Тие се во групата Ф на ЕП 2024 во исто друштво со Чешка со која се среќаваат првпат, како и Турција и Грузија.