Бруно го спаси Аморим, Јунајтед победи со гол во 97 минута

Манчестер Јунајтед го победи Барнли со 3-2 во 3-то коло од Премиер лигата, обезбедувајќи ја својата прва победа во сезоната, а менаџерот Рубен Аморим барем накратко избегна отказ што му „виси“ над главата.

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Манчестер Јунајтед го победи Барнли со 3-2 во 3-то коло од Премиер лигата, обезбедувајќи ја својата прва победа во сезоната, а менаџерот Рубен Аморим барем накратко избегна отказ што му „виси“ над главата.

Јунајтед го отвори натпреварот подобро и поведе по несмасниот автогол на Џош Кален во 27-та минута, но радоста на домашните навивачи брзо „спласна“.

Новото засилување Матеус Куња мораше да го напушти теренот поради повреда во 31-та минута, што е голем удар за Рубен Аморим и неговиот тим.

Барнли потоа ја врати рамнотежата и израмни. Стрелец беше Лајл Фостер, кој ја искористи невнимателноста на Јунајтед во одбраната и постигна гол за резултат од 1-1 во 55-та минута.

Само што тргна од центарот, Јунајтед повторно поведе. Мбеумо искористи одличен пас од Далот и постигна гол за 2:1. Сепак, гостите не се предадоа, и својата добра игра ја крунисаа во 66-тата минута кога Ентони израмни на 2:2.

И кога се чинеше дека нерешениот резултат ќе остане, Ентони направи голема грешка во 92-тата минута и направи пенал, а Бруно Фернандеш беше сигурен стрелец за 3:2 и големо славје за „црвените ѓаволи“.

Во следната рунда, Манчестер Јунајтед ќе гостува кај Манчестер Сити во големо дерби, додека Барнли ќе го пречека Ливерпул.