Бруно за Роналдо: Засега е играч на Јунајтед, не знам каква ќе биде неговата иднина

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Манчестер Јунајтед доцна синоќа одигра одличен натпревар и го доби дербито со Ливерпул со 2-1, со што го врати ентузијазмот на навивачите на трибините по исклучително лошиот старт на сезоната и двата порази од Брајтон и Брентфорд. Ова воедно беше прва победа за менаџерот Ерик тен Хаг на чело на „црвените ѓаволи“. Холанѓанецот почна постепено да остава свој белег во тимот и вчера на клупата ги остави Кристијано Роналдо и капитенот Хари Мегваер.

По натпреварот, другата голема португалска ѕвезда на тимот, Бруно Фернандеш, кој ја презеде капитенската лента за дербито, даде шифрирана порака за иднината на Кристијано и рече дека можеби знае нешто, но нема да го сподели со навивачите бидејќи тоа треба да го направи самиот Роналдо.

„Има многу шпекулации. Можеби знам некои работи, но нема да бидам тој што ќе ги каже. Засега тој е играч на Јунајтед. Не знам каква ќе биде неговата иднина, дали ќе замине или не, но наскоро ќе зборува и сите треба да слушнат што има да каже. Може да продолжи на високо ниво и да ни донесе многу голови, но тоа е негова одлука. Мораме да го почитуваме она што тој сака да го прави, што и да е. Ќе бидам среќен ако остане, но јас лично ќе бидам среќен за него ако замине, бидејќи тој одлучил дека тоа е подобро за него“, изјави Бруно Фернандеш.

Кристијано Роналдо цело лето се поврзуваше со заминување од „Олд Трафорд“ бидејќи сака да игра за тим што ќе учествува во Лигата на шампионите, но досега речиси сите водечки европски тимови ја одбија шансата да го ангажираат.

Слични содржини