Во петокот, сопругата на актерот Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, се огласи на Инстаграм за да сподели прекрасна слика од нејзината најстара ќерка Мејбел, како се забавува со нејзиниот татко. Се слушна песната на Лизо, About Damn Time, и 10-годишната ќерка му покажува на татко ѝ како да танцува во денешно време.
Позитивните коментари постојано доаѓаа: „како крал си“, „честитки, денес ме насмеа“, „херој, те сакаме!“
Потсетуваме, на почетокот на оваа година семејството на акционата ѕвезда преку социјалните мрежи објави дека му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од својата повеќедецениска кариера.
Афазијата е медицинска состојба која може да влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик, и вербално и писмено. Затоа, добро е да се види дека Брус сè уште може да се забавува.