250
Актерот Брус Вилис пред неколку месеци сподели со јавноста дека боледува од афазија. Поради оваа болест тој стави крај на својата актерска кариера.
Тоа е јазично нарушување предизвикано од оштетување на одредена област на мозокот што влијае на способноста за комуникација, како и на многу други когнитивни способности.
Неговите ќерки, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, од време на време објавуваа семејни слики, но Вилис ретко се појавуваше во јавноста оттогаш.
Деновиве во јавноста кружат нови фотографии од Вилис, а многумина коментираат колку одлично изгледа на фотографиите, никогаш не би рекле дека има 67 години, а камоли дека се бори со оваа тешка болест.