Брус Вилис за првпат виден во јавноста по веста дека е болен (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот актер Брус Вилис за првпат е виден во јавноста откако беше објавено дека боледува од афазија, односно нарушувања на говорот.

Тој е фотографиран со пријател во ресторан во Брентвуд, Калифорнија. Потсетуваме дека неговото семејство пред шест недели излезе со соопштение:

Сакаме да ве информираме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми. Неодамна му беше дијагностицирана афазија која влијае на неговите когнитивни способности. Ќе направи пауза од кариерата која многу му значеше. Ова е тежок период за нашето семејство и ја цениме љубовта, сочувството и поддршката што ни ги давате“.

Афазијата обично се јавува како резултат на мозочен удар или тумор на мозокот, но сè уште не е познато што точно се случило со Вилис.

Поддршка му дадоа голем број колеги од светот на актерството, а меѓу нив се Џон Траволта, Метју Пери, Лиам Нисон и други.

Слични содржини