Брутален! Двајт Хауард забележа 32 поени и 30 скока и влезе во историјата

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Изминатава ноќ Двајт Хауард направи нешто што малку пред него го направиле и дефинитивно влезе во историјата.

Центарот потсети на најдобрите денови, откако заврши со 32 поени и 30 скока во победата на Шарлот над Бруклин со 111:105.

Така тој стана еден од ретките играчи со 30-30 во натпревар, откако пред него слични бројки имаа само легенди меѓу кои Бил Расел, Вилт Чембрлен, Елџин Бејлор, Карим-Абдул Џабар и Моузес Мелоун, а за последен пат, тоа го направи Кевин Лав во 2010 година.

„На одморот почувствував дека нешто не е во ред и не носев доволно енергија на тимот. Добив сепак поддршка од пријателите и тоа ме разбуди“, изјави Хауард, чиј тим израмни заостанување од 23 поени во третата четвртина и победи. Сепак, со биланс 31-41, „стршлените“ немаат шанса за плејофот.

„Никогаш не сум бил дел од такво нешто. Тој беше извонреден. Неверојатно е да се видат вакви статистички податоци. Едноставно лудо!“, изјави другата ѕвезда на тимот, Кемба Вокер.

Останатите резултати:

Филаделфија – Мемфис 119: 105
Мајами – Њујорк 119: 98
Милвоки – Л.А. Клиперс 120: 127
Чикаго – Денвер 102: 135
Њу Орлеанс – Индијана 96: 92
Сан Антонио – Вашингтон 98:90
Кливленд – Торонто 132:129.

Слични содржини