Кемар Руф, напаѓачот на Глазгов Ренџерс, беше исклучен поради страшниот старт над голманот на Славија Прага, Ондреј Колар.
Само седум минути откако влезе од клупата, поранешниот напаѓач на Лидс беше исклучен затоа што со отворен ѓон стартуваше на голманот и му направи посекотини на лицето.
Ondro, hlavne at jsi v poradku prosim, to je dnes nejdulezitejsi! pic.twitter.com/5OFRQ1l7RO
— Jaroslav Tvrdik (@JaroslavTvrdik) March 18, 2021
Руф ја кренал ногата превисоко и скоро го осакатил лицето на голманот на ривалот. Тој му направил огромна рана на челото, со многу крв, имал расекотина на образот, додека окото му било целосно отечено.
Како што се очекуваше, голманот морал да ја напушти играта, па бил заменет со 18-годишниот Матјас Вагнер.
Подоцна во текот на натпреварот, Колар се врати на клупата за резервни играчи, па остатокот од мечот го следел со завои.
Kemar Roofe has just killed a Man, how are Rangers fans saying this isn’t a Red Card? 😂
— Robotto (@TheSirRobotto) March 18, 2021