Брутални апсења во Минск, на удар жени и деца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Граѓаните на Белорусија за првпат се собраа во Минск и во други градови за поддршка на уапсените лидери на опозицијата. Полицијата продолжи брутално да ги апси демонстрантите, а сега и жените и децата се нападнати.

Белоруската полиција упорно се обидува да ги растера демонстрантите кои мирно протестираат на улиците во Минск за поддршка на уапсените членови на Координативниот совет на опозицијата.

Бруталното апсење на демонстрантите продолжува, а сега полицијата апси жени, стари лица и деца.

Иако многумина беа брутално приведени, демонстрантите успеаја да го продолжат протестот во центарот на Минск.

Илјадници насобрани го скандираа името на белоруската лидерка на опозицијата Марија Колесникова и повикаа на нејзино ослободување.

Потсетуваме, во последните 24 часа не беше познато каде исчезна Колесникова. Мистеријата околу нејзиното исчезнување беше дополнително засилена со тврдењата на нејзини соборци дека „Колесникова била киднапиран вчера од маскирани мажи во Минск“.

Инаку, Колесникова е една од трите жени кои се обединија против претседателот Александар Лукашенко и лидерите на протестите што избија откако Лукашенко прогласи победа по изборите.

Слични содржини