Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо застана во одбрана на Френк Лампард, кој беше отпуштен од Челси во понеделникот.
„Секогаш сум тажен кога мој колега ќе ја изгуби работата. Френк не е само мој колега, тој е важна личност во мојата кариера. Па жал ми е што доби отказ. Но, тоа е бруталноста на фудбалот, особено на модерниот фудбал. Кога ќе станете тренер, знаете дека порано или подоцна тоа ќе ви се случи и на вас“, истакна Мурињо, кој своевремено беше тренер на Лампард во клубот од Лондон.
Нов тренер на Челси најверојатно ќе стане поранешниот стратег на ПСЖ, Томас Тухел.