БРУТАЛНО УБИЕН РУСКИ НАУЧНИК, кој работел на вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski
437 прегледи

Истакнат руски научник кој работел на вакцината против коронавирус бил пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.

Александар Саша Кагански (45) бил во долна облека кога паднал од прозорецот на неговиот стан на 14-ти кат.

Научникот имал убодна рана по телото, соопшти полицијата.

Неговото тело го пронашол сосед на улица, а полицијата верува дека имало тепачка пред Кагански да падне од зградата.

Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се испитува како можно убиство и дека 45-годишен маж се испитува како потенцијален осомничен.

Кагански, најпознат по својата работа за истражување на ракот, беше асистент професор во Владивосток и работел во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.

Неодамна работел како директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на Далеку-источниот федерален универзитет во Русија.

Се додава дека Кагански работел и на развој на вакцината против коронавирусот.

Слични содржини