Брз и вкусен ручек: Шпагети од рерна

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Состојки:

– 500 гр шпагети

– 1/4 шолја маслиново масло

– сол, бибер

– 3 чешниња лук

– зачини (босилек, рузмарин, оригано)

– кромид

– 400 гр доматно пире

– шолја сечкани пиперки

– 3 шолји вода

– свеж босилек

– 200 гр моцарела кашкавал

Подготовка:

Отворете го пакувањето шпагети и без никакво варење ставете ги во плех, прелијте ги со маслиново масло и зачинете со сол и бибер.

Потоа додадете ситно сечкан лук, микс за зачини и крупно исечканиот кромид и измешајте.

После тоа, додадете го доматното пире и сечканите пиперки (по избор).

Истурете вода над сè. Ставете свеж босилек, измешајте. Ставете во рерна и печете на 190 степени околу 45 минути. Кон крајот додадете ја и моцарелата.

Слични содржини