Брз колач со цреши

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Состојки:

– 250 гр исчистени цреши

– 1 чаша јогурт (200 ml)

– 2 јајца

– 1/2 чаша шеќер

– 1/2 чаша масло

– 2 чаши брашно

– 2 лажички прашок за пециво

– малку масло и брашно за калапот

Подготовка:

Калапот за печење премачкајте го со масло и посипете го со брашно.

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и просејте во сад.

Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот околу пет минути, додека смесата не стане густа и не добие светло жолта боја.

Сега додадете малку масло и полека матете со најмала брзина. Потоа во садот додајте го јогуртот и со рака измешајте ја смесата.

Потоа додадете го просеаното брашно и измешајте го во смесата, а на крај додадете ги исчистените цреши и соединете се.

Истурете ја смесата во калап и печете на 180 степени помеѓу 30 и 40 минути. Колачот е готов кога ќе добие темно златно-жолта боја и кога ќе се одвои од рабовите на садот.

Извадете го од рерна и оставете да се излади, па по желба посипете го со шеќер во прав.

Слични содржини