Ќе се модернизира железничката пруга долж Коридорот 10.
– Во однос на железничката пруга која што се гради во Србија премиерката ме информираше за плановите, а во исто време и јас неа ја информирав за нашите планови на изградбата на инфраструктурата. Ние имаме отпочнување на еден голем инвестициски циклус во Северна Македонија особено изградбата на Коридор 8, патната и железничката инфраструктура со оглед на тоа што Коридорот 10 што не поврзува со Република Србија и со Република Грција е комплетно изграден во делот на автопатското решение, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека инфраструктурното поврзување и изградбата на патишта и пругите за што подобро поврзување на регионот е еден од основните столбови на регионалната соработка и поврзување.
– Тоа обезбедува не само економиите и стопанствата да се поврзуваат и еднакво важно е, ако не и поважно, во одредени ситуации е да се поврзуваат и луѓето, да имаме запознавање, размена на искуства, знаење, патување, нешто што гарантира подобра иднина на нашите земји. Република Србија многу вложи во инфраструктурно поврзува со регионот и изградба на патишта и уште повеќе ќе вложи во изградба на пруги – рече таа.