274
Како што како молња одекна веста дека Памела Андерсон повторно се омажи, уште побрзо дојде и онаа дека се разведува.
Фановите беа навистина изненадени и од двете одлуки на поранешната актерка и плејбој-зајачица. Таа на бракот се одлучила по духовното патување во Индија, одлуката била брзоплета, а уште побрзо сфатила дека направила грешка.
„Памела не функционира на иста бранова должина како и другите луѓе. Има големо срце и сака многу силно, брзо и безусловно. Кога се врати од пат, Џон ѝ рече: ‘Те сакам, ајде да се венчаме’, а таа одговори: ‘Во ред’“, рекол извор близок до неа за „Page six“.
Наводно славниот продуцент почнал да ја контролира Памела, а тоа не ѝ се допаднало на актерката.