Излегуваме на улици чукаме во тенџериња, а се останува исто. Би ми било подраго демонстрантите да покажат сличен ентузијазам на избори.
Краток фитил – или лошо проценета должина на фитилот – се многу опасни работи, ќе ви каже секој кој, како мојата маленкост, во благопочинатата ЈНА имаше работа со експлозиви.
Светислав Басара во Данас ги коментира демонстрациите во Белград „Не давимо Београд“ и вели дека за тоа би можеле многу што да кажат и луѓе кои сакаат риба на масата, но немаат нерви – како заповеда Бог – неа да ја фатат на т.н. „пец“ или на „блинкер“, па нестрпливо одат по патот преку кој, навидум, побрзо се оди, што ќе каже со динамит ограбен од градежнифирми, па често на крајот остануваат не само без риба, туку и без рака, а понекогаш, бога ми, и без глава.
В чјом дјело? Што сакаше да каже писателот со горната фитилско-риболовачка метафора? Сакаше да каже дека за експлозивни пичвајзи од сите видови – вклучувајќи ги и политичките, всушност особено за нив –виновници никогаш не се фитилите и експлозивите туку лошата проценка, нетрпеливоста и склоноста на (пре)брзи решенија.
Ние, Србите, нашироко сме прочуени по кусиот политички фитил. Ако нешто, на нас Србите, во српската политика не ни се допадне – со добра причина, nota bene, малку имаше привлечно во српската политика „било кога“ – што правиме, ние, Србите? Излегуваме на улици, рикаме и чукаме во тенџериња, повремено ќе се истепаме и испоубиваме едни со други, а се останува исто.
Така, т.н. опозиција во Србија се однесуваше целата последна деценија на дваесеттиот век, а неуспехот во работата на опозицијата, како и неспособноста да се организира и да ги надмине лидерските суети ја припишуваше на УДБА, која, воопшто, не е семоќна колку што сака да се мисли за неа.
Да не должам. Сѐ уште ние – наместо политички да се организираме – би „организирале“ протестни прошетки, удирање во тенџериња, приредбипред хотелот Москва и други манифестации, ако на Зоран Ѓинѓиќ не му појде од рака да направи добра проценка, да ја примири опозицискатанетрпеливост и брзо согорувачкиот фитил, и да го замени со спорогоречки
.
Но сето ова не е предмет на нашата колумна. Па тогаш што е темата? Темата се сѐ помасовните протести на граѓаните кои носат некакви жолти паткичкии контрапротестантите.Талибанците на Вучиќ (Оцо) кои на протестантите им порачуваат таа патка да ја „увале свом татку“. Гледам дека дури ифамозните свирчиња се вратени во промет? Дали имам јас тоа некакви замерки на оваа тема. Имам! Мислам – поучен од историското искуство – дека таквите протести се најобично губење на општествената енергија. Масата на протестантите – ги гледам по телевизиите овие денови, барем наоние кои се осмелуваат да ги „пуштат“ – е сè поимпозантна, но влијанието на масата и политичката моќ се еднакви на нула, то ест на ефектот од брзо согорувачкиот кабел на чиј крај нема детонатор. Малку заискрува, малку зашиштува, малку запиштува и – цап – сето тоа завршува во оној дим чие име не е пристојно да се спомене.
Мене лично би ми било многу подраго растечката маса на демонстранти, која начелно ја поддржувам: да покаже сличен ентузијазам на изборите, на изборните кампањи и организираното политичко делување. Но, тешко е вонедела наутро да се подигне газот и да се гласа, а уште потешко да сеработи и што е најлошо – таму нема селфи – иако има многу мрзеливост и себичност./Danas.rs
