Буба Корели: Длабоко сум вознемирен, ја демантирам поврзаноста со какви било групи

од Stefanija Kuzmanovska

Раперот Амар Хоџиќ, во јавноста познат како Буба Корели, се огласи на Инстаграм откако некои медиуми го поврзаа неговото име со криминални групи од Србија.

Неговата порака ја пренесуваме во целост:

„Во врска со одредени написи во медиумите, чувствувам потреба да се огласам. Точно е дека пред неколку години ја направив најголемата грешка во мојот живот, но со помош на музиката и добрите луѓе со кои сум опкружен, ги запознав вистинските вредности.

Ако некогаш сум навредил некого со своите постапки, се извинувам. Мојот имиџ како музичар и јавна личност не е секогаш огледало на мојата вистинска личност. Колку и да се трудам, свесен сум дека не сум секогаш најдобриот пример и свесен сум за своите маани и грешки.

Јас не сум тип кој често се рекламира во јавноста, но длабоко сум навреден од невистините и во оваа прилика сакам јасно да демантирам каква било поврзаност со какви било групи или организации.

Ваквите работи длабоко ме вознемирија мене, моето семејство, моите пријатели и соработници. Мојата единствена професија и најголема љубов е музиката и така и ќе остане.

Ви благодарам на сите за разбирањето, поддршката и љубовта“, напиша раперот.

Слични содржини