Бубевски нема да поднесе жалба за казните во „Титаник 2“ за да не застари делото

од Nikola Popovski
174 прегледи

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски најави дека нема поднесе жалба во однос на казните за обвинетите во случајот „Титаник 2“.

-За да се спречи оддолжување на постапката за да може Апелација да одлучи во законски предвидениот рок. Ако тие поднесат жалба, ќе има жалбена постапка. Кога едниот се жали, па другата страна ќе има одговор на жалба, веќе се зголемуваат роковите по кои се постапува. Јас како обвинител и што постапувам по предметот, сметам дека овие казни во оваа ситуација се доволни, рече Бубевски во изјава за медиумите пред Кривичниот суд – Скопје.

Бубевски додаде дека за Мијалков, затворската казна не е под минимумот според законот, додека за останатите е под минимумот, бидејќи не се осудувани.

Обвинетиот поранешен директор на Управата за контраразунавање и безбедност Сашо Мијалков денеска беше прогласен виновен по втор пат за ист предмет, со казната затвор од 2 години. Иста казна добија и неговите соучесници лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи како и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ.

Кривичното дело за кое е осуден Мијалков му застарува за три месеци, или во април 2023 година.

Слични содржини