Бучковски: Акцискиот план со Бугарија е усвоен 99%

551 прегледи

„Ако цениме по средбата која Радев вчера ја оствари со претставниците на безбедносните служби, на која наводно Бугарите во Македонија имале проблеми со власти изгледа постои можност разговорите да бидат дел од нивната кампања таму. Сепак, мислам дека нема да приоритет“, истакна Бучковски во рамки на своето гостување во Утрински брифинг.

Вчера премиерот кажа дека ставот на Георгиевски не е дел од македонската стратегија. Потврда стигна и од бугарска страна. Ние успеавме да ја задржиме климата да имаме постојана и редовна комуникација. За акцискиот план сме со 99% усогласени. Ако Комисиите ги усогласат записниците од 11-тата средба и годишниот извештај тоа ќе ни даде можност да имаме меѓувладина конференција. Таа е битна за потврда на она што ние го правиме.

„На 10 март во Софија се потпишува договор помеѓу МРТ и БНТ за соработка која мислам дека ќе биде сериозен исчекор напред. На 17 доаѓа директорот на бугарската телеграфска агениција, така што во делот на медиумите ова ќе биде сериозен исчекор во еден дел каде говориме дека медиумите се клулчна алатка во создавање атмосфера на пријателство“, посочи Бучковски.

Слични содржини