Бојко Борисов денеска демонстрираше лидерство и пријателство кон Македонија, смета поранешниот македонски премиер и поранешен специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски по повод одлуката на Борисов неговата партија во Бугарското собрание да даде зелено светло за почеток на преговорите на РС Македонија за членство во ЕУ.
„Изјавата на Бојко Борисов е лидерски потег што ќе ја врати довербата во бугарско-македонското пријателство. Со вакви декларации ја враќаме довербата меѓу нас“, изјавил Бучковски во изјава за „БГНЕС“.
Борисов денеска ги повика пратениците на ГЕРБ да го поддржат францускиот предлог за почеток на преговори на С. Македонија со ЕУ.
Борисов го нарече Кирил Петков „кукавица и лажго кој се крие зад Народното собрание и нема храброст да преземе политичка одговорност“.
„Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. Во моментов ЕУ и НАТО сакаат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес и ние ќе го завршиме“, рече Борисов од седиштето на партијата.