Бучковски: Да го имаат Русковска или Јовески капацитетот на СЈО, ќе бидат трипати поефикасни

од Aleksandar Todeski
158 прегледи

Катица Јанева ја отепа желбата за правда. Гневот јас сега го разбирам. Во моменти на промена на власта, протестите на шарената револуција, се што се случуваше во моментот, протестите тргнуваа од пред седиштето на СЈО, затоа големо е разочарувањето, рече експремиерот Владо Бучковски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Според него, иако јавноста знаела за енромно големите хонорари во СЈО, народот бил спремен да прогледа низ прсти, само за да се дојде до правдата.

„По промената на власта, за жал, ни јавноста не беше подготвена да бара од СЈО поголема транспарентност. Капацитетот што го имаше СЈО да им го дадат на Русковска или Јовески, тие ќе бидат трипати поефикасни. Сите средства што ги имаа во СЈО, за да може да има ефикасна работа“, рече Бучковски.

Тој истакна дека судењето ќе донесе и други осомничени од СЈО на кои исто така им бил баран „Рекет“.

„Сето тоа кога ќе се отвори, ќе се докаже тезата дека она што е правено по 30 јуни 2017 година имало други мотиви, не за да го видат лицето на правдата. По оваа хаварија, тешко ќе ја вратиме вербата во правдата. Ова направи сериозна штета, направи хаварија во владејачката коалиција. Судењето мора да биде транспарентно и да докаже дека Македонија може да биде правна држава, но мора да има и пресумпција на невиност, тоа мора да го понуди правосдуството како алатка на обвинетите“, додаде Бучковски.

Експремиерот истакна дека иако бил огорчен од она што го правела Катица Јанева, смета дека е срамота што сите видоа како се носи од притворот во Шутка во домашен притвор, за разлика од другите осомничени кои се носеле во домашен притвор.

„Јас сум огорчен од она што го правела Катица Јанева, но мислам дека е срамота онака да се носи од Шутка во домашен притвор. Тоа мене ми пречи, мислам дека треба да му пречи на секој. Притворот не смее да биде казна. Не ми изгледа опортуно Бојан Јовановски по секоја цена да биде во притвор, тој треба да преживее за да почне судењето. Се оди на штета на власта ако има одолговлекување, кампањата веќе е почната, ова ќе биде мезе за опозицијата. Ќе се збори секој ден, а толку има нешто позитивно што направила власта, а ќе се зборува само за „Рекет“. Има многу позитивни работи, што се голема вест“, рече Бучковски и додаде дека предметите на СЈО нема да бидат заборавени.

Слични содржини