Бучковски: Групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ

од Берта Китинска
720 прегледи

Заев во целата својата политичка кариера не се штедел, ниту во опозиција кога се објавуваа бомбите, ниту на власт кога се решаваше спорот со името со Грција или пак кога се преговараше со Бугарија. Тој и сега направи се, но до пресврт сепак не дојде. Оставката за изгубени локални избори не е потребна, вели поранешниот премиер Владо Бучковски во емисијата „Клик плус“

Бучковски оценува дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски.

– Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски.

Слични содржини