Поранешниот премиер Владо Бучковски вели дека е „воодушевен“ од бугарскиот премиер Кирил Петков и неговото залагање за да се дојде до решение за спорот.
-Мене лично ме освои со начинот на кој се обидува упорно да дојде до целта, а да останат барањата. Таму е пожива надежта отколку овде. Мислам дека ние треба да помогнеме. Не правиме доволно за да дадеме шанса за да дојдеме до решение во последните пет минути. Овде не можеме да извлечеме „нерешено“ ако не помогне медијаторот. Франција се обидува да извлече „нерешено“ ако има компромис, кој би требало да не биде со вклучени сите барања. Треба да се слушнат нашите црвени линии. Миксот меѓу германскиот и португалскиот предлог е најверојатно дотеран. Јасно е дека постои француска иницијатива. БГНЕС знае да манипулира, но и тој потврдува дека на консултациите во Софија, Петков добил поддршка да види што ќе направи Франција. Сметам дека ние не даваме дополнителна сила на Петков и неговата влада за да дојдеме до компромис, истакна Бучковски во емисијата „360“.