Убеден сум дека пораките што моментално доаѓаат од Софија, посебно од најверојатно новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, создава оптимистична атмосфера и во Скопје, изјави специјалниот преставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски на Форумот за Западен Балкан во Софија.
Спред него, овој спор повеќе не е само билатерален, туку и регионален, бидејќи опфатена е и Албанија.
-Национализмот вирее на Западниот Балкан и тоа мораме да го спречиме, порача Бучковски.
Форумот ги отвора клучните теми за Западен Балкан, се со цел да се дадат јасни насоки за преговарачкиот процес за пристапување на регионот во ЕУ. Настанот е организиран во партнерство со Фондацијата за либерална интеграција и Европскиот либерален форум.
Домаќин на Форумот е европратеникот Илхан Ќучук.