Бучковски смета дека „Комитите“ придонесоа за „чекор назад“ во дијалогот со Бугарија

од Nikola Popovski
330 прегледи

Наративот може и да не се промени. Едната варијанта е да се договориме кои се тие заеднички личности и настани кои ќе се чествуваат, оценува поранешниот премиер и специјален претставник на владата за разговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

Според него, тоа што се случуваше на 4-ти јануари околу и во црквата Свети Спас на одбележувањето на 150-годишнината на раѓањето на Гоце Делчев е чекор назад во дијалогот со нашиот источен сосед.

-Илјадници полицајци, начинот на кој во воздхот имаше тензии дека нешто ќе се случи, свирежите… Кога се повлече полицијата настана чин кој требаше да биде максимално осуден и од опозицијата. Навивачката група „Комити“ не смееше да ги оштети венците од бугарската делегација. За жал, провокации ќе има и на бугарско тло, посочи Бучковски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Слични содржини