Бучковски: Црвенковски го повреди Заев на почетокот на кампањата и јас се соочив со неговата суета

од Берта Китинска
1,6K прегледи

Почетокот на кампањата за локалните избори се совпадна со настапот на поранешниот лидер Бранко Црвенковски  во МАНУ  што беше сигнал очигледно и се надева дека Заев по неговото повлекување во некоја пригода во медумите ќе проговори за искуството низ кое и јас поминав.Бранко не крие дека има амбиции и јас во 2006 година се соочив со суетата на Црвенковски.  Не случајно некои членови од СДСМ останаа дома. Разочараните сдсмовците нема да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ тие ќе останат дома, кажа поранешниот лидер на СДСМ Владо Бучковски синоќа во емисијата „Клик Плус“

Тој , меѓу другото, изјави дека луѓе блиски до Црвенковски работеле на кампањата Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово.

„Не беше јавна тајна дека луѓе блиски до Црвенковски учествуваа во кампањата на Максим Димитриевски“, кажа Бучковски.

Слични содржини