Бучковски: ВМРО-ДПМНЕ направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија

од Берта Китинска
417 прегледи

Идејата беше да покажеме дека сме сериозни да го имплементираме Договорот за пријателство со Бугарија. Убедени сме дека брзо ќе дојдеме до фаза на реализација. Требаше да покажеме дека Македонија нема никакви скриени намери кон Бугарија. По резултатите во април што ги имаа се доведовме во позиција да немаме соговорник од другата страна, вели Владо Бучковски, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24

-Сепак мислам дека овој вакуум беше продуктивно искористен. Паднаа во вода обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои се во континуитет, ескалацијата беше во ноември – декември. Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ не покажа трошка разбирање на заштита на националните и државни интереси. Направи сериозна штета и во Македонија и во Бугарија, дел од бугарските политичари постојано на секоја средба што сум ја имал споменуваа дека барањето на дополнителни гаранции е поради заканите од опозицијата, вели Бучковски.

Во однос на Резолуцијата на опозицијата тој смета дека текстот треба да биде усогласен со сите политички партии.

-Можам да ја поздравам намерта на ВМРО-ДПМНЕ  дека има заеднички став со сите политички партии пред се со партиите од владејачката коалиција, но од друга страна кај мене оства резерва за искрените намери и содржаната бидејќи тие тврдат дека за него стојат МАНУ УКИМ и МПЦ, а треба да биде искреиран заедно со сите политички пратии, вели Бучковски.

Слични содржини