Бучковски: Во Скопје и Софија има групи кои работат против договор меѓу двете земји

од Nikola Popovski
341 прегледи

Бугарија и Македонија можат да постигнат договор за време на француското претседателство со Европската унија. Сега климата е подобра за преговори. Има шанса преговорите да продолжат следниот месец, но има групи во Софија и Скопје кои работат против тоа да има компромис и договор меѓу нашите две земји, изјавил поранешниот премиер и поранешен специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во разговор за бугарска „Нова“.

Според него, петте руски дипломати протерани од Скопје станувале се поагресивни во нивните обиди да го спречат договорот меѓу Македонија и Бугарија во желбата на Скопје да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Во однос на пописот во земјава, Бучковски изјавил дека разликата во издадените пасоши и бројот на попишаните се должи на тоа што повеќето пасоши се земени од економски причини и овие луѓе повеќе не се во државата.

„Верувам дека сите Бугари кои сакаа да се изјаснат како Бугари за време на пописот го направија тоа“, потенцирал Бучковски.

Слични содржини