Бучковски: Заев може да биде дополнителна гаранција за исполнување за она што би го договориле со Бугарија

од Берта Китинска
278 прегледи

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски смеат дека Зоран Заев треба да остане на функцијата, затоа што, како што вели, тој може да биде дополнителна гаранција на она што ќе го договориме со новиот бугарски премиер Кирил Петков.

– Заев најавува дека 15 јануари е периодот до кога тој би бил премиер. Ние очекувавме во тој период да го направиме максималниот исчекор. Тргнувајќи од тоа што го гледав во измината година, знаејќи се што во изминатите четири години правеше Заев, сметав и се уште сметам дека тој може да биде дополнителна гаранција за исполнување или имплементација на сето ова што дополнително би го договориле, изјави Бучковски.

Тој оцени дека и кај нас и кај Бугарите недостасува довербата.

– Тоа е главниот проблем ако ја читате и претпочитате нивната фамозна декларација која ни создава сериозни проблеми во изминатите две години. Ние тврдиме дека со таа декларација западнавме во овој ќор сокак од кој не може да излеземе. Тие тврдат дека тоа било провоцирано од наша страна заради тоа што Историската комисија не работела според нивните очекувања, изјави Бучковски за ТВ Сител.

Слични содржини