„Будалa!“: Кралот Чарлс жестоко го навредил принцот Хари

од Stefanija Kuzmanovska

Добро упатениот познавач на британското кралско семејство, Омид Скоби, објави книга за војводата од Сасекс и неговата сопруга, во која тврди дека кралот Чарлс го нарекол својот помлад син „будала“ по документарниот филм на Нетфликс за принцот Хари и Меган Маркл.

Скоби, во книгата „Завршница“, ги повторил тврдењата на принцот во документарецот дека на кралското семејство не му е јасно зошто на војвотката од Сасекс ѝ е потребен „специјален третман и заштита“ откако парот изрази загриженост за третманот кој Маркл го добивала од британските таблоиди, објави „Тајмс“, повикувајќи се на „Сан“.

Се претпоставува дека „Сан“ зел извадоци од англиската верзија на книгата, додека во француската верзија имало тврдења дека кралот одбил да се сретне со својот син под изговор дека е премногу зафатен, како и дека Кетрин, принцезата од Велс, „поминала повеќе време зборувајќи за Меган, отколку со Меган“.

Шпекулациите околу книгата ги натераа Хари и Меган да негираат вмешаност, меѓутоа, војвотката подоцна откри дека „дала белешки“ на помошникот пред да се сретне со авторот.

Војводата и војвотката од Сасекс го напуштија кралското семејство во 2020 година и оттогаш живеат во Калифорнија.

Слични содржини