730
Шефот на Главната разузнавачка управа при Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, изјави дека украинските сили го нападнале рускиот воен аеродром Морозовск во Ростовската област со најмалку 70 дронови.
Буданов рече дека беспилотните летала биле лансирани од украинска територија на аеродром кој се наоѓа на околу 270 километри од линијата на фронтот, пренесува Униан.
Тој додаде дека чека информации дали авионите биле оштетени во нападот.