266
Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација вклучува проекти посветени директно на граѓаните и дигитализација на државната администрација.
Во 2022 година МИОА ќе се фокусира на:
-Систем за управување со документи со документи – DMS (Поврзување на над 35 нови институции)
-Точка за услуги (Креирање на принципот на едношалтерскиот систем)
-Централен регистар на население
-Нови веб-страници на министерствата (Зголемена транспарентност на институциите, полесна комуникација)
Зголемувањето на транспарентноста и квалитетот на услугите што ги дава државната администрација за граѓаните секогаш се на прво место, известуваат од МИОА.