Буџетот за 2024 е напумпан и не носи развој, сметаат од „Белата палата“

од Nikola Popovski
195 прегледи

5,5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024-та, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе. Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024-та година проектирале 5,5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018-та година, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наведуваат дека Буџетот за 2024-та е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција.

-Од 2018-та година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите, сметаат од најголемата опозициска партија.

Според наводите од „Белата палата“, шест години нема еден готов автопат. Кичево – Охрид е во застој, Скопје – Блаце не е ниту почнат.

-Каде се трошат милијардите евра од буџетите шест години по ред?- прашуваат од опозициската партија.

-Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини