БУДВА: 10 вооружени полицајци претепаа демонстрант (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Сцените од Будва го обиколија регионот, а по полициската бруталност во тој град, граѓаните низ Црна Гора излегоа пред полициските згради во нивните градови да протестираат.

Имаше солзавец и димни бомби, како и брутални апсења.

При апсењето бил претепан доктор на науки, британски државјанин, а случајот со младиот Стефан Раковиќ исто така го привлече вниманието.

Неговата сестра се обрати на медиумите со барање да се откријат виновниците во униформите што го нападнаа без никаков основ – десет од нив вооружени со еден голорак човек.

Полицијата фрлаше и солзавец во другите градови, приведувајќи граѓани, вклучително и пратеници.

https://www.youtube.com/watch?v=vhkPC3-dabU