Буфон: Честопати плачам кога сум сам

од Vladimir Zorba
280 прегледи

Легендата на Италија, Џанлуиџи Буфон откри дека доста често плаче, додавајќи дека тоа го прави да се „чувствува како човек“.

40-годишниот голман на Јувентус го направи откритието, за време на снимањето на документарниот филм „Прв тим: Јувентус“, кој е од три дела, а во него се раскажува за успесите на италијанскиот гигант како на теренот, така и надвор од него.

„Јас плачам доста често, но го правам тоа кога сум сам. Ова помага да се чувствувам како човек“, рече Буфон.

„Никогаш не сум плачел поради фудбалот. Можам да станам емоционален, но не поради пораз, туку за нешто што е покомплексно и поромантично“, додаде легендата на Јувентус.

Слични содржини