Џанлуиџи Буфон ја претстави својата нова книга во Торино и одговараше на прашања од новинарите, потсетувајќи се на подеми и падови од неговата кариера.
Неговата приказна за инцидентот меѓу Зидан и Матераци привлече најголемо внимание.
„Најважниот момент во неговата кариера беше освојувањето на Светското првенство со Италија во 2006 година, по изведувањето на пенали против Франција. Сепак, таа вечер беше и горчливо-слатка поради ударот со глава на Зидан врз Марко Матераци“, рече Буфон.
Буфон беше клучна фигура во тоа време бидејќи сè виде во живо и истрча кај судијата да му каже што се случило. Ова го поттикна четвртиот арбитер да го објави и потврди исклучувањето.
„Во тој момент јас бев ВАР. Мојата реакција и трчањето на местото на настанот беа клучни за судиите да разберат што се случило. Секако дека никогаш немаше да го признаат тоа, но ги погледнаа снимките на мониторите. Јас бев единствениот што видов сè во реално време.“
Буфон беше дел и од италијанската репрезентација која беше неславно елиминирана во групната фаза на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
„Бев повреден, па се вратив во соблекувалната и ги најдов сите целосно скршени, со спуштени глави. Тренерот дојде, беше смирен, но и дистанциран. Рече: „Луѓе, не е ваша вината, моја е, што како идиот решив да ве доведам овде“. Признавам, отидов под туш за да се смеам“, објасни Буфон.