Буфон се врати во Парма по 26 години

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Италијанскиот фудбалски голман Џанлуиџи Буфон е новиот играч на Парма, објави оваа среда „Скај Спорт Италија“.

Буфон се враќа во Парма по 26 години, каде ја започна својата кариера.

Парма и 43-годишниот голман се договорија за едногодишна соработка.

Минатата сезона Буфон играше за Јувентус.

Буфон играше за италијанската репрезентација 176 пати и е апсолутен рекордер.

Оваа информација ја пренесе и Фабрицио Романо, познат италијански новинар.

Слични содржини