Буфон: Судирот против Роналдо и Реал ми пречи да спијам ноќе

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Капитенот на италијанскиот хегемон Јувентус – Џанлуиџи Буфон, изјави дека е загрижен пред судирите со Реал Мадрид од 1/4-финалето на Лигата на шампиони.

Легендарниот голман кој учествувал во многу големи битки, откри дека најголемата ѕвезда на европскиот клупски првак, Кристијано Роналдо му создава главоболки.

Петкратниот добитник на „Златната топка“ има 8 гола во 7 натпревари против Буфон на турнирот на богатите, вклучувајќи и два во финалето меѓу двата тима во минатата сезона, освоен од „белите“ со јасни 4:1 во Кардиф.

„Сите наши мисли веќе се насочени кон Реал“, изјави по победата со 3:1 над Милан синоќа голманот бр.1 на ФИФА за 2017 година.

„Кога играте против тим кој е посилен, се јавуваат одредени потешкотии. Реал има неверојатни изведувачи. Во составот има еден фудбалер кој е од клучно значење. Фактот дека повторно ќе се соочам против Кристијано Роналдо, ми пречи да спијам ноќе“, додаде легендата Буфон.

Јуве го дочекува Реал во првиот натпревар во вторник, во 20:45 часот. Меди Бенатиа и Миралем Пјаниќ се со казни за средбата, додека Зинедин Зидан ќе може да смета на сите ѕвезди.

Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра на 11-ти април.

Слични содржини