Бугарија иницира постапка за изградба на граничниот премин „Струмјани-Берово“

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Бугарската Влада донесе одлука да го задолжи регионалниот управник на Благоевград да иницира проектирање и изградба на граничниот премин „Струмјани-Берово“.

Како што пренесе „Њуз.бг“, изградбата на граничниот премин меѓу Берово и бугарската општина Струмјани е предвидена како стратешкиот проект во рамки на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Бугарија – Северна Македонија за периодот 2021-2027 година.

Согласно владината одлука, регионалниот управител на Благоевград, Стојан Христов треба да го спроведе проектирањето, изградбата и пуштањето во употреба на новиот граничен премин.

Со одлука на бугарската Влада кон крајот на декември минатата година буџетот наменет за изградба на граничниот премин „Струмајни-Берово“ беше зголемен од 20.000 на 111.000 евра.

Слични содржини