Бугарија денеска ни испраќа три агрегати за струја

од Nikola Popovski
204 прегледи

Бугарија денеска испраќа три агрегати за електрична енергија за потребите на граничните премини со Република Северна Македонија (РСМ), изјави за новинарите министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.

До крајот на неделата можна е нова средба меѓу Демерџиев и неговиот македонски колега Оливер Спасовски, но овој пат во Делчево, а не во Скопје.

Тој посочи и дека не му бил даден ниту еден доказ дека на 4 февруари на граница имало луѓе кои имале радикално однесување од бугарска страна.

-Нормално е луѓето да реагираат кога ќе видат дека се обработуваат возилата кои влегуваа во Бугарија, но во другата насока не, рече Демерџиев. Според него, немало причина да се спречуваат луѓето кои сакале да дојдата во Скопје за да положат цвеќе.

Подарокот на бугарските власти следува откако во саботата падна системот за контрола на ГП „Деве Баир“ за влегување и излегување во земјава.

Слични содржини