Бугарија: Деветмина починати во пожар во старечки дом

од Nikola Popovski
174 прегледи

Во пожар што го зафатил домот за стари лица во селото Ројак во источна Бугарија загинале девет лица, од кои некои се задушиле од чадот, изјави денеска висок претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пожарот, кој го зафатил дрвениот покрив на домот за стари лица, е изгаснат, а 58 стари лица кои живееле таму се евакуирани, изјави Тихомир Тотев, раководител на регионалното одделение за противпожарна заштита, пренесе Ројтерс.

-Кога шест противпожарни возила стигнаа до домот, покривот беше зафатен од огромен пламен и црн чад. Пожарникарите почнаа да ги евакуираат лицата во домот, но за жал деветмина ги загубија животите, рекол Тотев.

На местото на настанот бил административниот раководител на Окружното обвинителство, окружниот обвинител на Варна Красимир Конов, кој е и дежурен обвинител. Тој ќе ги води првичните увиди, кои ќе започнат веднаш.

Се истражуваат причините за пожарот.