Бугарија донираше пренослив мамограф за болницата во Неготино

од Берта Китинска
251 прегледи

Здравствениот дом Неготино доби нов мобилен мамограф, обезбеден со поддршка од Владата на Република Бугарија, информира Министерството за здравство на Фејсбук.

На примопредавањето на овој апарат, чија вредност изнесува 140 000 евра во здравствената установа во Неготино, присуствуваа министерот за здравство Беким Сали и министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, како и бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

– Ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места и фокусот го ставаме на превенцијатата, зашто навременото дијагностицирање на канцер на дојка спасува живот. Воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка. Паралелно, заедно со докторите, здравствените установи и невладиниот сектор и во наредниот период продолжуваме со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да спаси живот на многу пациентки, истакна министерот Сали.

Слични содржини