„Бугарија е конзистентна, Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на разликите“

од Берта Китинска
219 прегледи

Бугарскиот престедател Радев во разговорот со еврокомесарот Вархеји побарал од Скопје реални и конкретни резултати, а од ЕУ да ја притисне Македонија да ги почитува човековите права. Според Радев во Македонија живеат 120.000 Бугари кои воедно се и европски државјани и затоа Унијата има обврска да го гарантира нивното право на самоопределување. Тој на Вархеји му посочил дека Бугарија веќе не им верува на празните ветувања од Скопје туку бара целосно спроведување на договорот за доброседство и одлуки кои ке бидат правнообврзувачки, во спротивно нема напредување во процесот на интеграцијата.

„Ова, исто така, ќе го забрза процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија. Румен Радев потсети дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија потпишан во 2017 година не се спроведува и нашиот сосед сè уште не ги решил проблемите со говорот на омраза и конструирање лажна слика за Бугарија во учебниците, музеите и спомениците, како и кон граѓаните на земјата кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, се вели во соопштението од средбата на Радев со Вархеји на која присуствуваше и шефот на бугарската дипломатија Стоев.

За разлика од ваквиот тон од кабинетот на Радев, Вархеји на Твитер кратко напиша дека е задоволен од разговорот во кабинетот на Радев.

-Со Претседателот се согласивме дека проширувањето со Западен Балкан е  важен приоритет и заедничка стратегија со Европската Комисија која мора да напредува особено во овие времиња на големи предизвици. Работиме заедно на тоа, се вели во твитот на европмесарот за проширување.

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев истакнал дека Бугарија бара конкретни активности и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од август 2017 година. Тој ја потврдил принципната поддршка за европската интеграција на С. Македонија и земјите од Западен Балкан.

„Очекуваме Северна Македонија да покаже политичка волја за надминување на проблемите. Бугарија од своја страна останува активно ангажирана во барањето на можности за решавање на отворените прашања“, вели Стоев.

И покрај тоа што сѐ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат, истакна шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Тој образложи дека комуникацијата се одвива на ниво на министерствата за надворешни работи на двете земји.

Според Османи, важно е што побрзо да се затвори прашањето и да не се остави комуникациски јаз.

Министерот додаде дека основа на разговорите останува предлогот даден за време на германското претседателство, кој е сличен со тој на португалскиот, а што сега го презеде Словенија како актуелен претседавач со Унијата.

Слични содржини