Бугарија ги демантира тврдењата за приклучување кон одбранбениот договор меѓу Косово, Албанија и Хрватска

од Љубиша Владимиров
104 прегледи

Бугарското Министерство за надворешни работи негира дека земјата планира да се приклучи на договорот за одбранбена соработка потпишан на 18 март меѓу Косово, Албанија и Хрватска, објави бугарската новинска агенција (БТА). Министерот Георг Георгиев изјави дека Бугарија добила копија од декларацијата преку албанската амбасада на 25 март, но официјално не била контактирана, ниту добила покана за приклучување.

„Бугарија е свесна за иницијативата на Албанија, Хрватска и Косово и внимателно го анализира текстот на Заедничката декларација потпишана од министрите за одбрана на трите земји во Тирана на 18 март 2025 година. Информациите од јавноста кои сугерираат дека Бугарија изразила неофицијален интерес за приклучување кон декларацијата се неточни“, рече Георгиев.

Изјавата доаѓа како одговор на шпекулации и коментари од косовскиот министер за одбрана, Ејуп Македончи, кој во интервју за ТРТ Балкан наведе дека Бугарија е во контакт со хрватската страна во врска со иницијативата.

Слични содржини