Бугарија ги замрзна цените на струјата, парното и водата

од Nikola Popovski
281 прегледи

Бугарскиот парламент одлучил да ги замрзне цените на струјата, парното и водата до 31 март 2022 година, а одлука стапува во сила по објавувањето во Службен весник.

Цените се замрзнати  веднаш, а не како што беше прифатено претходно, со датум од 1 јануари следната година, објавија бугарските медиуми.

Одлуката била изгласана со 132 гласа „за“, 4 „против“ и 2 воздржани.

Бугарскиот независен енергетски регулатор најави зголемување на цените на електричната енергија во просек за 11,5 насто и цените на парното до 30 насто за домаќинствата од 1 јануари, со што ќе се усогласат со цените на пазарот каде компаниите ја купуваат својата енергија.

Бугарските компании ја повикаа новата влада да изнајде начини да им помогне да се справат со порастот на цените што загрози низа бизниси низ ЕУ. Просечната цена на платформата на бугарската енергетска берза во средата беше 563 лева или 324,22 долари по MWh, во споредба со цената на електричната енергија за домаќинствата од околу 115 лева за MWh.

Слични содржини