Бугарија го назначи Орце Камчев за почесен конзул, Владата треба да одобри

од desk2
101 прегледи

 

Бугарија го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.

Камчев, кој од реномираниот економски магазин „Форбс беше прогласен за најбогат Македонец, на 29 август 2016 година беше на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Камчев до февруари 2017 година беше еден од сопствениците на МПМ, пропаднатата медиумска компанија, која е предмет на истрага на СЈО како најголемиот донатор на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013, со 252.843 евра.

Повеќе на линкот.