Бугарија го почитува македонскиот јазик и идентитет, тврди Петков

од Nikola Popovski
286 прегледи

Бугарскиот премиер Кирил Петков јасно одговори дека идентитетот и јазикот на Македонија се прашања решени со Договорот за пријателство и добрососедство во 2017.

-Фокусот на заедничката работа и точниот календар се главниот фокус на средбата и отсега на овој начин ќе се мерат односите. Можам да ве уверам дека сум голем оптимист за нашата заедничка акција и ќе гледате резултати на неделно ниво, додаде Петков на прес-конференција во Владата.

Според него, неделните состаноци на сите комисии ќе дадат можност за работа, двете страни да бидат во постојана комуникација.

-Во нашиот Договор за соседство имаме многу јасна дефиниција за јазикот. Бугарија почитува и навистина сме многу горди што бевме првата земја што ја призна Северна Македонија и целосно го почитуваме самоопределувањето на вашите граѓани. Она што го постигнавме на оваа прва средба ги покажува различните дефиниции дека решивме отсега да имаме добрососедство, додаде премиерот.

Петков уште еднаш потврди дека фокусот отсега е зошто е толку важно двете земји да имаат добрососедски односи, а не да се фокусираат на проблемите.

Слични содржини