Бугарија и 8 земји членки на НАТО се загрижена од “агресивна Русија”

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Бугарија и 8-те земји-членки на НАТО во Централна и Источна Европа и балтичките земји изразија “сериозна загриженост од континуираната агресивна политика” на Русија.

plevneliev

“Ќе продолжиме да инсистираме Русија да се врати кон почитувањето на меѓународното право, обврски и договори како основа услови за односите меѓу Русија и НАТО”, се вели во декларацијата на деветмината лидери на земјите од Централна и Источна Европа – Бугарија, Романија, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Чешка, Словачка и Унгарија. Документот е потпишан од бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, јави Ројтерс. Во него се нагласува дека Русија нелегално пристапила кон полуострово тКрим и продолжува да ги  поддржува проруските бунтовници во источна Украина. Државните лидери се загрижени и од растечката воена активност на Русија од балтичките земји до Сирија, имајќи ги предвид руските воздушни напади против противниците на Башар Асад, кои започнаа пред 5 недели. Деветмината лидери истакнаа дека ќе ги здружат напорите за обезбедување – таму каде што е потребно – на солидно, убедливо и постојано воено присуство на силите на Алијансата во нашиот регион “. Тие повикаа на усвојување на одлука за “зајакнување на својата   одбрана и силите за воздржување” на самитот на НАТО на 8 и 9 јули 2016 година во Варшава.