Бугарија, заедно со Италија, Белгија и Малта, изрази резерви во врска со планот на Европската Унија да ги користи замрзнатите руски средства како основа за механизам за финансиска поддршка за Украина, соопштија владите во заедничка декларација.
Четирите земји поддржуваат трајно замрзнување на руските суверени средства во ЕУ, но предупредуваат дека правната и институционалната рамка на предложениот механизам бара детална проценка, објави „Новините“.
Тие истакнуваат дека примената на член 122 од Договорот за ЕУ, кој овозможува гласање со квалификувано мнозинство наместо едногласно донесување одлуки, може да има далекусежни правни и финансиски последици, особено во областите на надворешните работи и безбедноста.